„Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт

24/11/2013  //  Пред 5 месеци  //  ЕКОНОМИЈА  //  2 Коментари

wizzair

И премиерот Груевски ги најави трите нови дестинации  на кои од април идната година ќе можат да патуваат македонските граѓани со „Виз ер“. Директни летови ќе има од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт.

„Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Виз ер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари“, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Истовремено посочи дека се  преговара и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа.

Доколку преговорите успешно завршат, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии, додаде премиерот.

Воспоставувањето на трите нови линии на „Виз ер“ всушност уште во август ги најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.  Тогаш заедно со  извршниот потпретседател на „Виз ер“, Џон Стивенсон и генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски ги најавија плановите за развој на авиосообраќајот во идниот период.

Според најавите Визер кон новите три дестинации ќе се сообраќа двапати неделно, а авиокомпанијата од април следната година ќе пушти во сообраќај и нов патнички авион Ербас А-320 со што го зголемува својот возен парк по воспоставената база на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Пет топ дестинации за македонските граѓани се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Љубљана и Малме. Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 9 евра по патник оваа година односно по 8 евра догодина.


2 Коментари за "„Виз ер“: За 1500 денари од Скопје до Париз, Брисел и Франкфурт"

  1. Anonymous 24/11/2013 at 21:41 · Reply

    Dali ke leta za ohrid “to bi bilo super”"

  2. Anonymous 24/11/2013 at 23:11 · Reply

    se subvenzionira. A ako presmetas koi davacki davas osven kartata ti ispaga gavol i pol

Остави коментар

comm comm comm

Facebook