„Ван Хол“ работи со полна пареа – извезени 100 автобуси во САД

19/03/2014  //  Пред 6 месеци  //  ЕКОНОМИЈА  //  Коментирај

van hol1

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ најавува дека има намера бизнисот во Бунарџик да го прошири со уште една производна лента.

Компанијата веќе извезла 100 автобуси во САД од погонот во Македонија, а планира проширување и на европскиот пазар.

„Во употреба се веќе три од четирите производни линии и работат со полн капацитет. Во втората половина од годинава во нашиот производен план ќе ги воведеме и моделите за европскиот пазар. Нашата интенција е во првата фаза да произведеме меѓу 400 до 500 возила годишно“, изјави Филип Ван Хол, сопственик и директор на компанијата.

Тој денеска во Бунарџик ги прими вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за странски инвестиции Веле Самак кои отидоа да проверат како им оди работата на странските инвеститори.

Во моментов во фабриката вработени се 430 лица. Компанијата активно соработува и со македонски фирми, на кои им го отвора патот и кон Европа.

„Дел од компаниите кои доставуваат делови за Ван Хол во Бунарџик, ќе бидат користени како добавувачи и за нивната фабрика во Белгија, што значи дека ефектите за зголемување на производството како резултат на странските инвестиции веќе се чувствуваат“, вели Пешевски.

Договори се склучени со „Унипласт“ од Струга за пластични делови и со „Актива“ од Штип кои за „Ван Хол“ изработуваат делови за шасии.



Остави коментар

comm comm comm

Facebook