29 Март, 2024
0.0279

Арнаудова во борба со сиромаштијата - Патиме од недостаток на емпатија

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението Проект Среќа, денеска одржа прес конференција по повод 17. октомври, меѓународниот ден за борбата против сиромаштијата. Здруженито втора година по ред го одбележува овој ден. 

 „Сакам да упатам апел до сите невладини организиции и до граѓанскиот сектор, да се подигне свеста за борбата против сиромаштијата. Сите ние патиме од недостаток на емпатија, и за жал се уште има сопственици на компании кои своите работници ги тераат да ги вратат разликите. Апелирам до Владата и до сите нови градоначалници да го санкционираат тоа. Да им го вратиме достоинството на луѓето, и сите ние достоинствено да живееме. Само така можеме да бидеме среќни, ако успееме заедно, со иста цел“, рече на прес конференцијата Кристина Арнаудова, претседател на „Проект среќа“. 

 Пред медиумите се обрати и Заменикот министер за труд и социјална политика Елми Азири. „Ние како министерство и како дел од Владата веќе направивме чекори за намалување на степенот на сиромаштијата во Република Македонија. Планирано е до крајот на 2020 година, процентот на сиромашни семејства да се намали за 15 проценти. Во таа насока, ние како Министерство за труд и социјална политика контонуирано работиме на зголемување на процентот на социјална помош. Во наредниот период ќе следуваат актиности со таа цел. Најавуваме целосна реформа во социјалата, и поголема помош на оние целни групи на кои им е потребна“, изјави Азири. 

На прес конференцијата своето прво обраќање го имаше и идниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ. 

„Јас како нов Градоначалник на Општината сакам да нагласам дека ден за борба против сиромаштијата не треба да биде само денес, туку секој друг ден. Со помош на сите институции, ќе работам на намалување, а сиромаштијата во општина Центар како и во цела Македонија. Ние како Општина ќе дадеме се од себе, и ќе ги превземеме сите мерки за да има што помалку сиромашни луѓе на нашата територија. Социјално загрозените лице ќе бидат ослободени од сите давачки поврзани со градинките, училиштата, се со цел да им ги намалиме тие трошоци кои може да ги субвенционира Општината. Ќе продолжиме и со проектот „Банка за храна“, се со цел да има нула проценти гладни на територијата на Општина центар“, рече Богдановиќ и додаде дека уставно право на секој човек му е да се храни. 

„Ќе се трудиме системски да најдеме начин тој проблем да го решиме трајно. Како градоначалник ќе се залагам социјално загрозените лица да имаат предност во вработувањето како и помош при барање на покрив над главата за луѓето кои го немаат.“, додаде тој. 

Тони Станковски од здруженито „Љубезност“ кои секојдневно се на терен и им помагаат на многу семејства, рече дека процентот на сиромашни семејства во Македонија е дваест и еден, или 450.000 лица кај нас не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. 

„Ова е алармантен податок и голема бројка. Затоа сакам ние како невладин сектор да ги поттикнеме граѓаните да ни се приклучат во нашите активности и акции се со цел да им помогнеме на луѓето во собирањето помош преку цела година“, истакна Станковски. 

На пресот, изјава за медиумите даде и Биљана Дуковска, од Македонската платформа за борба против сиромаштијата. 

По настанот, низ централното градско подрачје беа поделени флаери на случајните минувачи, со пораки од борците за човекови права и нивниот начин како да направиме подобро општество за сите. 

Во рамки на одбележувањето светскиот ден за борба против сиромаштијата, двете здруженија„Проект среќа“ и „Љубезност“ посетија 20 семејства на кои им ја однесоа потребната помош. Во соработка со ЕВН помогнаа да се надминат проблемите со приклучок за струја кои доста семејства ги имаат. Министерството за труд и социјална политика на семејство кое живее без социјална помош му помогна да ја добие. 

Мисијата на „Проект среќа“ е да ја подигне свеста за општествената одговорност кај компаниите и на физичките лица. Во одбележувањето на денешниот ден со донации се приклучија компаниите АМСМ, Жито лукс, печатницата Софија од Богданци, Еуростандард банка и Фондацијата Фридрих Еберт.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница