Арсенал и Челси ќе ги донираат приходите од финалето за жртвите од Генфел
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2017
Фудбалските клубови Арсенал и Челси заедно со спонзорите на финалето од Комјунити шилд купот кој ќе се игра на 6 август на Вембил решија сите приходи да им ги донираат на жртвите од страшниот пожар во кулата Гренфел во Лондон каде загинаа над 70 луѓе, а стотина беа тешко повредени.
Комјунити шилд купот традиционално се игра меѓу шампионот на Премиер лигата и победникот од ФА купот
Арсенал и Челзи заедно со спонзорот „Мекдоналдс“ се надеваат дека ќе соберат 1,25 милиони фунти за жртвите.
Семејствата на жртвите и преживеани станари од зградата се повикани на натпреварот, како и персоналот од итните служби кои им помогнаа.
Во пожар во лондонскиот солитер Гренфел, кој целосно изгоре, загинаа 79 луѓе.