24 Април, 2024
0.0409

Асовите на Груевски „згрижени“ со постојани приходи од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешни видни и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ по повлекувањето од извршната власт „засолниште“ си најдоа во својата матична партија каде се вработени и добиваат постојани приходи. Тука се споменуваат имињата на Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и Иво Котевски кои беа важни асови во владите на Груевски, пренесува Телевизија 24

Секако, ова не би било ништо чудно ако се види дека партиските вработувања зачестија од 2014-та кога ВМРО-ДПМНЕ имале само еден вработен, а сега најмалку стотина. 

Според истражувањата на БИРН, барем во изминатите неколку години, а повикувајќи се на информации од Централниот регистер, ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година за плати и надоместоци пријавила трошоци од само 197 илјади денари. Што се претпоставува дека владејачката партија во 2014 година имала само еден вработен, кој земал бруто плата од 16.491 денар. 

За во 2015-та, пак, истражувањето покажува дека според годишниот финански извештај на ВМРО-ДПМНЕ, сумата за плати и надоместоци видно се зголемува и изнесува околу 2 милиони денари. Што пресметано по најниската месечна бруто плата во Македонија, произлегува дека најголемата владејачка партија нема повеќе од 125 вработени за таа година. 

Дали бројката на вработени во белиот замок ќе расте престојниот период со оглед на владините промени кои доаѓаат е прашање кое се отвара. Сепак, партијата не даде конкретни одговори кој се е на нивниот платен список и дали планираат да вработат нови функционери.

Можеби ќе ве интересира

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ“ - прва изјава на Стевче Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ“ - прва изјава на Стевче Јакимовски

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата