18 Април, 2024
0.0248

Атлантик Група и оваа година го доби признанието за придонес во намалувањето на CO2 емисиите

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

И оваа година компанијата  Атлантик во Србија ги освои CO2 сертификатите на „Секопак“, кои се доделуваат на најуспешните компании во примарна селекција и собирање на отпадот, како и за свој допирнос во намалувањето на емисиите на CO2. Во оваа прилика, Соко Штарк, исто така, беше свечено промовиран како 10-ти член на Одборот на директори основачи на Секопак, рециклажен оператор кој е единствен на српскиот пазар, и единствен во индустријата кој обезбедува увид во прилог на заштеда на CO₂ емисиите.

Калкулаторот на CO₂ е во сопственост на Секопак, како еден од членкитена Про Еуроп организацијата, а договорен е на ниво на сите членови на Про Еуропсо што сепостигнува хармонизација и споредливост на добиените резултатиод емисиите на CO₂ во Србија со резултатите од CO₂ емисии во рамките на Европската Унија.

Во име на членките (Соко Штарк и Гранд Кафе) на Атлантик Група, публиката му се заблагодари на Зоран Даљевиќ, финансиски директор на Секторот за централно финансирање на Србија, велејќи дека намалување на отпадот и енергетска ефикасност за компаниите во Србија треба да биде основа за систематско подобрување на производните процеси и ги повика сите компании да ги следат позитивните примери и врз основа на пласираните и рециклирани количини на амбалажен отпад да го дадат својот придонес за заштеда на CO2 емисиите.

"Од вкупната заштеда на CO2 емисии во Република Србија, Секопак учествува со 67 отсто. Ова беше постигнато благодарение на примарна селекција и собирање на отпадот од пакување од комунални извори на општините, со што се зголеми застапеноста на сите пет видови на отпад од пакување, а со тоа се постигна и најголема заштеда на емисиите на CO2" рече Виолета Белановиќ Кокир, генерален менаџер на компанијата Секопак лидер на пазарот за управување со отпад од пакување.

Атлантик Група работи во насока на подобрување на енергетската ефикасност на компанијата во Србија, со помош на финансирањето за поддршка на ЕБОР, и при тоа постигна рационално користење на ресурсите и енергијата, намалување на трошоците, како и заштита на животната средина. Покрај заштедата поврзана со ефикасноста, се очекува идните активности планирани за оперативните компании во Србија и понатаму  да допринесат да се намали емисијата на CO2.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година