Добивај вести на Viber
Поради покачување на нивото на водите во реката Сава беше исклучена единствената нуклеарна централа во словенечкиот град Кршко, 90 километри одалечена од Љубљана.
Како што известуваат од нуклеарната централа, нејзината работа е рачно запрена и сите системи реагирале без никави проблеми, како и без последица за животната средина или за луѓето.
„Кршко“ е исклучена од превентивни причини бидејќи надојдената вода од дождовите и снеговите ја намалиле ефикасноста на разладниот систем, а штом ќе мине опасноста, следниве денови се очекува производството на електрична енергија да биде обновено, стои во соопштението.