(АУДИО) Џорлев на вработените им рекол да ги почитуваат тие што им дале леб
Објавено во: Македонија 17 Август, 2017
На каналот на „Радиомрежа“ на Јутјуб, е објавена аудио-снимка на која како што пишува, екс директорот на „Танец“, Зоран Џорлев ги потсетува вработените дека партијата им дала работа. Тој како што се слуша на снимката, се лути зошто дел од членовите на ансамблот се приклучиле кон синдикатот на културата, со цел да бараат повисоки плати.