Авиони и бродови трагаат по исчезната подморница
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2017
Подморница со екипаж од 44 члена исчезнала откако испловила од пристаништето Ушуаја на Огнената земја.
Oваа информација ја објави аргентинската воена морнарица.
Последен пат својата локација подморницата ја пријавила пред 2 дена, поради што аргентинските авиони и бродови се испратени во потрага по подморницата.
Според портпаролот на морнарицата можно е во прашање да биде и обичен дефект на комуникациските уреди на подборницата.
Екипажот има доволно храна за уште неколку дена, а во случај на дефект на комуникацискиот уред подморницата би требало да исплови на површината и да продолжи со својата мисија до пристаништето Мар дел Плата.