Добивај вести на Viber
„БОЦ Авиејшн“,кинеска лизинг компанија порача 50 авиони со среден дострел од типот Ербас А320, соопштено е од компанијата. Вкупната вредност на договорот не е објавена, но според фабричките цени вреди околу 3,3 милијарди евра. Испораката на авиони е закажана за период од 2014 до 2019 година. Ербас вкупно прими 8.800 порачки за авиони од серијата А320, а до сега се испорачани околу 5.300 за 380 клиенти ширум светот.