24 Април, 2024
0.0266

АВМУ ги „почести“ телевизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ со прекршочна пријава

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“ се телевизиите кои заработија прекршочна пријава.

Ова го соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз (АВМУ) основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, во согласност со Изборниот законик.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на Локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава.

Извештаите од мониторингот на радиодифузерите се достапни на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска