Добивај вести на Viber
Австралискиот долар ќе остане под притисок и во следните месеци. Тоа го предвидува за Блумберг, директорот на одделот за инвестиции во „UBS Wealth Management“, Бенџамин Педли. Според неговите зборови на долг рок валутата се уште се наоѓа многу над просечните нивоа.
„Од инвестициска гледна точка мислам дека пазарот сега е главно поттикнат од големите индустриски компании, како и од банките. Според мене за инвеститорите најважно од вчера објавениот буџет беше фактот дека австралискиот долар ќе остане под притисок. Тоа е така поради неколку причини. Станува збор дека уделот на австралискиот државен долг во економијата е многу низок. Тоа навистина е така, но ако го погледнете соодносот на вкупниот долг кон бруто домашниот производ, во кој влегуваат долговите на домаќинствата, фирмите и државата тој е горе-долу како овој во САД. “, вели Педли.
Се очекува уште едно намалување на каматата од страна на Австралиската централна банка до 2,5%, веројатно во третиот квартал, прогнозираат уште од UBS. Според Педли тоа ќе стави крај на како што вели, понатамошноо стимулирање на циклусот.
Тој истакна дека во никој случај не може да се зборува за рестриктивна монетарна или фискална политика.
„Големите дефицити покажуваат дека зборуваме за стимулирање буџетска политика. Комбинирано со слабиот австралиски долар,ги ограничува можностите на Централната банка за драстични каматни намалувања, а се одразува и на пазарите ", објаснува Педли.