29 Март, 2024
0.0260

АВСТРИЈА ОФИЦИЈАЛНО ИМА ВЛАДА: Курц е најмладиот шеф на влада во светот

Објавено во: Свет 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Новaта австриска влада на чело со 31-годишниот Себастијан Курц положи заклетва денес. Така на власт дојде коалицијата која ги обединува десницата и крајната десница, пренесе Франс прес.

Пред претседателот Александар ван дер Белен денес се заколнаа новиот канцелар од конзервативната Австриска народна партија - најмладиот шеф на влада во светот, и Вице Премиер Хајнц-Кристијан Штрахе, водач на десничарската Австриска партија на слободата.

Во исто време недалеку од претседателската палата, каде што се одржа церемонијата, неколку илјади луѓе протестираа против учеството на крајната десница во владата со транспаренти на кои пишуваше "Нацистите надвор!" или "Смрт на фашизмот!".

Демонстрантите, од кои повеќето млади, беа опкружени со импресивни сили за безбедност кои ги ограничија демонстрациите во рамките на Хелденплац (Плоштадот на хероите). На ова иконско место за австриската историја Хитлер изговара во 1938 година говор, со кој најавува аншлуса (пристапувањето на Австрија кон Германија).

Шефот на државата Александар ван дер Белен призна дека има некои кои се скептични и дури непријателски расположени кон новото владејачко мнозинство. "Но кај демократијата е така", коментира тој, откако ја усвои заклетва на 13-те нови министри, од кои шестмина се од Партијата на слободата.

Ван дер Белен ја повика новата влада на Себастијан Курц да води сметка за австриската историја - како за позитивните, така и за нејзините мрачни страници, да ги почитува правата на малцинствата и на луѓето со различно мислење.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?