Австрија сака да излезе од програмата на ЕУ за распределба на мигранти
Објавено во: Балкан 28 Март, 2017
Австрискиот канцелар Кристијан Керн ќе напише писмо до Европската комисија со објаснување зошто Виена не сака да учествува во програмата на Европската унија за распределба на мигрантите. Австрија се обврза да прифати од Грција и Италија речиси 2.000 мигранти по програмата на квоти на ЕУ, но земјата веќе ја преполнила оваа норма поради приливот на илегални мигранти, изјави Керн по седницата на Владата, забележуваат агенциите.
„Сметам дека за Австрија треба да биде направен исклучок, бидејќи веќе сме ги исполниле своите обврски. За ова прашање ќе разговараме со ЕК и ќе им испратиме писмо, што е можно поскоро“, рече австрискиот канцелар.
Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил изјави претходно дека Виена треба да излезе од програмата на ЕУ за распределба на мигранти од Блискиот Исток и Африка. Причината - преполнет план.
„Сметам дека Австрија веќе дала голем хуманитарен придонес“, рече тој. Министерот дури посочи дека за последните две години Австрија има усвоено поголем број барања за азил од Италија. На 1 милион жители се поднеле 4587 молби, а во Италија само 1998.
Доскоцил исто така се пожали дека во 2015 година одлуката за распределба на мигрантите и бегалците се прифаќа под услов на почитување на солидарноста и рамноправни квоти на мигрантите во рамките на ЕУ, но никој не го задржувал овој принцип.
Во 2016 година миграциската служба на Австрија примила за разгледување речиси 36 000 луѓе кои сакаат да добијат статус на бегалци. Владата утврди лимит од 37 500 молби. При неговото проширување границите се затвораат и започнува депортација по поедноставена постапка.