Aвтобус излета во провалија длабока скоро 300 метри
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2017
Четиринаесет луѓе загинаа, а најмалку 38 се повредени oткако автобус излета од патот и падна во провалија во државата Антиокија на северот на Колумбија, информираше денеска полицијата.
Несреќата се случила вчера попладне, а се работи за локален автобус познат како „чива“. Тоа се автобуси обоени со живи бои во кои патниците се возат и на покривот. Полицијата соопшти дека автобусот паднал во провалија длабока скоро 300 метри кога возачот изгубил контрола над возилото.