Автобус излета во провалија во Турција - има и мртви
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2016
Повеќе од пет лица загинаа, а десетици се повредени рано изутринава, кога автобус излета од патот и падна во амбис во близина на градот Синоп во северна Турција.
Според првичните сознанија на полициската истрага, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола над автобусот поради снежни врнежи и голомразица на патот.
Засега нема повеќе детали за сериозноста на повредите на преживеаните патници.
Кон местото на несреќата се упатиле повеќе екипи на брзата помош и спасувачи екипи.