Автобус кој патувал од Скопје кон Белград излета од патот
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2017
На автопатот Белград – Ниш кај селото Катул, во близина на Алексинац утринава се случила сообраќајна несреќа во која се повредени четири патници.
Причините за несреќата се утврдуваат, откако автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград излетал од автопатот.
Екипите на итната помош четворицата повредени ги пренела во нишкиот Клинички центар. На лекување е задржан возачот на автобусот, но повредените не се во животна опасност.
Засега нема информации дали меѓу повредените има и македонски државјани.