29 Март, 2024
0.0387

Автогигантот подготвува потег на векот: Од 2019 ...

Објавено во: Стил 05 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Шведска автомобилска компанија Волво најави дека сите нејзини автомобили од 2019 година ќе имаат електричен мотор.

Тоа значи дека ќе престане со производство на автомбили на кои погон искулучиво му даваат мотори со внатрешно согорување.

Од компанијата Волво карс, која оваа одлука ја опишаа како „еден од своите најзначајни потези“ порачуваат дека ќе имаат широк спектар на модели меѓу кои ќе бидат целосно електрични, но и хибридни возила, пренесе агенцијата АП.

„Луѓето се повеќе бараат електрични автомобили, а ние сакаме да одговориме на актуелните и идни потреби на нашите клиенти“, изјави генералниот директор Семјуелсон.

Пет автомобили на целосно електричен погон ќе бидат лансирани во период од 2019 до 2021 година, од кои три ќе бидат моделот на шведско Волво, а два Полестарови, поддржницата на Волво.