Автомобил излетал од автопатот Скопје-Тетово(пет лица повредени)
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2018
Пет лица се повредени во незгода која ноќеска се случила на автопатот Скопје-Тетово.
Автомобил од марката „Рено“ со тетовски регистерски таблички излетал од автопатот, при што повредени се пет лица од кои едното лице се здобило со потешки телесни повреди.
Незгодата се случила околу 00:35 часот по полноќ, кога лицето А.Е(45) изгубило контрола над возилото и излетало од автопатот.
Во несреќата со потешки повреди се здобила сопатничката Л.Џ. (71), а со телесни повреди се здобиле и останатите четворица меѓу кои две деца на возраст од 13 и 15 години.