Автомобил влета во трговски во Австралија
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Во тешка сообраќајна несреќа автобил влетал во продавница од трговски центар во Сиднеј, при што најмалку шест лица се повредени, меѓу кои и едно беб, јавуваат локалните медиуми.
Полицијата соопшти дека овој инцидент го третира како незгода.
Една жена со тешки повреди е префрлена со хеликоптер во болница. Како што велат очевидци, возачот на автомобилот останал на местото и соработува со полицијата.