Автопроизводители се спасија од квоти за електрични коли
Објавено во: Економија 08 Август, 2017
Европската Унија без оглед на шпекулациите нема намера барем засега да наложува минимални квоти за електрични автомобили за производителите на возила без оглед што прави напори за промоција на обновливи извори на енергија и намалување на зависноста од фосилните горива.
Секако, по скандалот со Фолскваген за измамата со тестовите за издувните гасови на дизел моторите, како и истрагата врз уште неколку автомобилски гиганти, создаде притисок врз ЕУ да воведе построги регулативи со цел вистинска заштита на животната средина од штетни емисии.
Сепак, од ЕУ велат дека немаат намера да вршат дискриминација на различните технологии со фаворизирање само на моторите на електричен погон, но нема да воведат квоти до 2025 како што тврдееше германскиот весник Handelsblatt кој цитираше анонимен извор од Европската комисија.