28 Март, 2024
0.0251

Азески: Ќе предложиме закони за поттикнување на инвестициите

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

До средината на годинава Стопанската комора на Македонија на Владата ќе и предложи три законски решенија за регулирање на паричните обврски во земјава.

- Уште минатата година најавивме дека ќе предложиме закони за поттикнување на инвестициите, за гарaнтен фонд и за обезбедување на побарувањата. Консултациите веќе ги извршивме на ниво на ресорните министерства и на нивни сугестии  изменивме низа одредби и сега сме во фаза на привршување на разговорите внатре во Комората на база на забелешките што ги добивме за да можеме да излеземе со конкретни барања, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во одговор на прашање по конститутивната седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци.

До крајот на јуни, нагласи, планираме тоа да го заокружиме и во втората половина од годинава да се видат некои резултати, со што мислиме дека ќе му помогнеме на стопанството.

- Со гарантниот фонд ќе се поттикне државната помош на компаниите во делот на обезбедување на колатералот, посебно кај  малите и средните претпријатија. Со законот за поттикнување на инвестициите ќе им се помогне на компаниите кои инвестираат со државна помош што на некој начин и сега функционира, а ние само предлагаме некои подобрувања. Со законот за обезбедување на побарувањата практично ќе ја подобриме состојбата на ликвидноста, појасни Азески.

Ќе го продолжиме дијалогот со Владата, посочи, и ќе бидеме фокусирани на овие три работи како и на отворање на нови пазари за компаниите надвор од Европа со што мислиме дека ќе можеме да им помогнеме на некаков начин да се апсорбира негативниот тренд на извозот што го има во овој момент.

Последните мерки на Владата за ослободување од каматите на фирмите кои имаат на заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување ги оцени како стимул за одреден број компании иако додаде дека кризата наметнува донесување на невообичаени решенија.

- Ценам дека Владата го имала во предвид при донесувањето на овие мерки и фактот дека ќе влијае на нарушувањето на рамноправноста на пазарот на компаниите, но веројатно пресметала дека е помал ризик. Во секој случај тоа ќе биде значаен стимуланс за определен дел на компании. Во иднина Владата ќе треба да вложи максимум напори за да ја испегла нерамноправната позиција  што се јавува, рече Азески.

Во секој случај, потенцира, ќе го поддржиме се она што  значи подобрување на состојбата на компаниите.

- Се што ќе продуцира задржување на било каква економска активност над нулата и на било какво вработување треба да најде  на разбирање во овој период, но да не се претвори во пракса, рече Азески.

Се наоѓаме, додаде, во една многу голема должничка неликвидна ситуација во која  и она малку што се презема значи многу за да не дојде до целосен колапс на компаниите и да не се запре вработувањето и економската активност во државата.

- Треба  да се сме свесни дека дејствуваме во услови на криза и да водиме сметка дека треба да влечеме потези  што ќе предизвикуваат помали негативни ефекти. Мора многу внимателно да се пристапува во тој правец затоа што Македонија во структурата на компаниите има голем број на домашни и странски  компании поради што мора да се заштити нивната рамноправност на пазарот, потенцира Азески.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка