19 Април, 2024
0.0269

Азија се обединува

Објавено во: Колумни, Свет 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Денес во Ташкент, главниот град на Узбекистан ќе мине вториот и главниот ден од Самитот на ШОС (Шангајската организација за соработка. Најважен настан ќе биде приемот на Индија и Пакистан за постојани членови на ШОС. Шангајската „шесторка“ ќе прерасне во „осморка“. На својата 15 година од основањето организацијата ќе опфати држави во кои живеат над една третина од населението на планетата. Што е Шангајската организација за соработка? Таа се роди во 2001 година кога потписи под заедничкиот документ за основање ставија лидерите на Русија, Кина, Казхстан, Таџикистан, Киргизија и Узбекистан. До формирањето на ШОС фигурираше „Шангајската петорка“, во која беа погореспоменатите земји, освен Узбекистан. „Петорката“ е основана во Шангај во 1996 година со потпишување на Спогодба за зацврстување на довербата  во воената област и заемно намалување на вооружените сили во реоните на меѓусебните граници. Но со текот на времето задачите на организацијата се менуваа. Таа се уште не е воен блок. Но има некои воени компоненти. Покрај главната задача за зацврстување на стабилноста и безбедноста на огромното пространство на кое се наоѓаат државите основачи, не помалку важна е борбата со тероризмот, екстремизмот, трговијата со наркотици, развојот на економската соработка, енергетско партнерство, научна и културна соработка. Во меѓувреме многу држави сакаат да се присоединат до ШОС. Некои од нив, како Белорусија, Монголија, Авганистан и Иран имаат статус на посматрачи, а Турција статус на партнер по дијалог. Меѓу државите кои официјално посакале со различен статус да се придружат кон ШОС се и Сирија, Египет, Бангладеш, па дури и Израел. Голем дел од овие земји ќе имаат свои претставници во Ташкент, освен Турција која не е поканета на Самитот. Причните за тоа не се соопштуваат, но повеќе од јасно е дека „виновник“ за тоа е Русија. Или, поточно, Турција си ја затвори вратата по заладувањето на нејзинте односи со Русија. Очигледно соборувањето на рускиот воен авион уште долго ќе биде сенка врз руско-турските односи со последици, пред се, врз Турција. Како да се протолкува шаренилото од држави обединети околу ШОС. Особено ако се знае дека некои од нив со децении имаат проблеми во соработката, а често доаѓало, а и денес доаѓа и до вооружени инциденти на нивните граници. На пример Индија и Пакистан. Или Израел со неговите соседи.Како тие ќе соработубваат сега во ШОС, каде што главната поента на соработката е „олабавување“ на недовербата во воената област и напнатоста на меѓусебните граници. Во изминатите години членките на ШОС имаа и конкретни резултати од соработката. Заеднички вежби за спречување на тероризмот, на трговијата со дрога, на пример. Авганистан е сосед на многу држави членки на ШОС и голема постои голема опасност од терористички акции на екстремистите кои војуваат во таа земја. Но се чини дека со тек на време покрај засилување на воената компонента во соработката, превласт ќе зема економската соработка. Веќе вчера лидерите на Русија, Кина и Монголија, Монголии Владимир Путин, Си Џинпин и Цахиагијн Елбегдорж имаа тристрана средба усвоија програма за создавање на економски коридор меѓу нивните земји, а се потпишаа и договори за олеснување на царисните работи меѓу трите земји. Кина доаѓа на Самитот со идејата за создавање на економски појас „Патот на свилата“ кој би се поврзал со економскиот развој на Евроазиската економска заедница. Русите, пак, имаат понуди за развој на енергетската мрежа и извоз на гас и нафта на територијата на Азија, во Кина, Индија и Пакистан. Ова е особена важно, по се она што се случува со воведувањето на енергетски бариери од страна на ЕУ кон Русија. Таа мора некаде да го продава својот гас. Најавени се и заеднички инвестиции во разни области. Станува збор за проекти кои се долгорочни, но кои бараат внимателно обработување и подготвување за што треба време. Тоа го покажаа и некои одамна најавени проекти, кои се уште чекаат реализација. Каква ќе биде иднината на ШОС? Дали таа ќе прераснува во некој воен или економски блок? Или пак ќе остане само на хартија. Некои го цитираат претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, кој вели дека задачата на земјите членки е „да не се дозволи ШОС да стане аморфна, хартиена или бирократска организација, како што своевремено стана ЗНД или сега се АСЕАН и други“. Главни двигатели да бидат билатералните и мултилатералните односи меѓу членките. А за такво нешто е потребна голема умешност. Очигледно постои страв работите да не отидат во насока на „возродување“ на некакви сојузи од минатото. Тие не сакаат ниту зедница како што е ЕУ.   Некои руски експерти сметаат дека билатералните односи можат многу повеќе да ја зацврстат ШОС. Според нив, „Како што покажува негативното искуство од СССР и ЕУ, широката база на билатерални и мултилатерални проекти многу поефикасно ги поврзува во едно меѓународните организации, отколку бирократското со директиви планирање од врвот, кое предизвикува отфрлање од страна на подолните нивоа, а чија конкретна полза се принесува како жртва на апстрактниот заеднички интерес“. Во прилог на ова тврдење се највува и утрешната посета на Владимир Путин на Кина. А од неа има големи очекувања. И од кинеска и од руска страна. Но,  за резултатите од неа во идниот број на Фактор.   Мирче Адамчевски  

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок