Азија се соочува со доларски стрес тест
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Азија ќе се соочува со доларски стрес тест во 2017 година.
Од победата на Доналд Трамп на претседателските избори на САД наваму 15 милијарди долари се симнати од азиски акции и обврзници, посочува Блумберг. Тоа е околу 30% од целиот прилив на капитал кон овој регион од почетокот на годината.
За азиските пазари 2017 може да биде година, одбележана со недостиг на долари, прогнозира Bloomberg. Податоците се на Deutsche Bank и покажуваат дека доларот и низата протекционистички политики на новоизбраниот претседател на САД ги помрачуваат изгледите за раст.
Во основата на проблемот според аналитичарите е трговијата, а се очекува во следните години позицијата на САД да стане екстремна.
Иако азиските пазари беа релативно изолирани од недостиг на долари во последните две години, тоа не треба да се смета за готово, предупредуваат од Deutsche Bank.
Недостиг на долари веќе има во Филипини, Јужна Кореја, Малезија и Индија и тоа најмногу во последниот месец.