Бафет признал: Сега имам дупло повеќе
Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2017
Американскиот милијардер и инвеститор Ворен Бафет изјавил дека неговиот инвестиционен фонд Беркшир Хатавеј повеќе од дупло го зголемил уделот во компанијата Епл.
„Беркшир Хатавеј сега поседуваат околу 133 милиони акции во Епл, во вредност од околу 17 милијарди долари“, рекол Бафте (86) за американската ТВ мрежа СиЕнБиСи.
Тоа е речиси дупло повеќе во однос на 59 милиони акции колку што Беркшир поседувал во Епл кон крајот на лани.
Бафет гостувал во СиЕнБиСи откако ден претходно, во годишно писмо до акционерите на Беркшир Хатавеј, ги критикувал хеџ фондовите, порачувајќи дека нивните високи платени менаџери не можат да ја победат берзата.
Инвеститорите според неговите проценки, потрошил повеќе од 100 милиони долари на високи провизии на менаџери од Волстрит во изминатите десет години.