Бајката со биткоинот сепак ќе пукне?
Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2017
Наглиот раст на биткоинот сепак е најава дека балонот ќе пукне, ако се гледаат некои примери од претходно, велат финансиски советници.
Оваа валута пред година дена чинеше 973, а оваа недела се искачи на 7,400 долари, или над 750% за десет месеци.
Финансиските советници велат дека ова е бум исто како градењето во периодот од 2006 до 2007 година или крахот на бизнисот во период од 2008 до 2009 година.
Сепак и моќни луѓе како Ворен Бафет, Џејми Дајмон и Робер Шилер мислат дека биткоинот е балон кој ќе пукне.