23 Април, 2024
0.0306

Бакојани: Сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Боакојани, во интервју за телевизија Скај вели дека решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница и од оние земји што билатерално го користат името Македонија. 

„Ние сакаме решение што ќе го прифати меѓународната заедница во целина. Ова е целта. Бидејќи во овој момент меѓународната заедница ги нарекува Македонија. Ние сакаме едно решение што ќе ја обврзе меѓународната заедница и да ја смени одлуката за билатерално признавање и да ги нарекува со името што нема да биде иреденистичко или со барања од нашата историја, нашиот идентитет или нашата култура“ - вели Бакојани за Скај.

Таа го повторува ставот на Нова демократија дека не смее во никој случај да има решение во етапи, туку договорот да биде пакет.

„Поделбата на делови на решението може да доведе до тоа, да речеме дека најдовме едно Х име, а потоа останатите работи, иредентизмот, имплементацијата, спектарот, Уставот, итн... да ги оставиме. Ова ќе биде смртна грешка. Драго ми е што слушам дека по нашата силна реакција, барем на ниво на премиерот, во неговата реторика влегоа некои од потребните работи“ - рече Бакојани. 

Бакојани упати критики до грчката Влада, дека не ја информира опозициската партија за текот на разговорите и токму затоа одбегна да ги коментира и последната изјава на македонскиот премиер дека идентитетот не е тема во преговорите и натписите во грчките медиуми за предлогот Горна Македонија како можно решение. 

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа