Балканска правда: 21 година се тужел и успеал, го вратиле на работа!
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2013
По судска битка која траела 21 година, медицинскиот техничар Радоман Муниќ (50) од Чачак вратен е на работа на неговото старо работно место во болницата во Чачак. Отказ добил далечната 1992 година, кој дури сега се потврдило дека бил правно неоснован.
Како што веќе соопшто неговиот адвокат, одлуката на Основниот суд во Чачак Милан да биде вратен на работа во болницата на Здравствениот центар, ја потврдиле и од Апелација, а спорот на Муниќ со тоа стана најдолг работен спор во Србија.
На Муниќ ќе му се уплати пензиски придонес за претходните 21 година, а Здравствениот центар должен е да ги исплати и сите судски трошоци кои, сепак, ќе бидат наплатени само за последната година судење во износ од 125.000 динари, затоа што записниците од претходните судења се изгубени.
Муниќ, откако е вратен на работа, поднесе тужба против Здравствениот центар, барајќи оштета од пет милиони динари за изгубените плати.