БАЛКАНСКИ РЕЦЕПТ: Им даваат по 45.000 евра само за да останат на село
Објавено во: Балкан 25 Април, 2017
Словенците највеќе очекувања имаат од земјата, многу вложуваат во органско производство, а младите фармери им се во фокусот.
За да ги мотивираат семејствата да се занимаваат со земјоделство им даваат субвенции од 45.000 евра, а ако земјоделството е дополнителна дејност, помошта е 18.000 евра.
Ако сакаат да ги добијат парите, мора да имаат 6 хектари земја и да се на возраст од 18 до 41 година.
Моментално околу 3500 нови домаќинства живеат на село од земјоделство и туризам.
Во 2015 година околу 3.500 производители на 42.000 хектари одгледувале овошје и зеленчук.
Оваа храна ја произведуваат се почесто, но не е на ниво на побарувачката.
Сепак, не е така лесно. Потребно е здружување за органско производство.
Ако се спореди со светот, од 1999 година површините со органско производство од 11 се зголемени на 50 милиони хектари.