25 Април, 2024
0.0293

Банкарски Групирања: Ерсте Банк и Рајфајзен Банк во игра за окрупнување на македонски банки?

Објавено во: Финансии 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Финишира еден од најголемите менаџерски транфери во банкарскиот систем. Директорот на Стопанска Банка, Глигор Бишев потврди дека на крајот од овој месец и официјално ја напушта челната позиција во Стопанска и го презема менаџирањето со Шпаркасе Банка. Во меѓувреме, неговиот трансфер во бизнис круговите се поврза и со можни банкарски преземања и спојувања. Бишев не сакаше да ги коментира лиферуваните информации според кои австриската Ерсте Банк преку Шпаркасе Банка, би влегла во преговори за спојување со НБГ Стопанска Банка. “Не можам да коментирам шпекулации. Она што е фактичка состојба е дека Шпаркасе Банка ќе биде дел од банкарскиот систем во Македонија. Конкуренцијата меѓу банките е здрава работа и треба да се развива во корист и на штедачите на и на целата економија“ - изјави Бишев. Се погласни се тврдењата дека освен менаџерски транфери, следуваат и банкарски групирања. Гувернерот Димитар Богов веќе потврди дека интерес има но и дека комбинаториките би се случиле меѓу веќе постоечките банкарски брендови во Македонија. “Има разговори, има интерес. Нема некои големи банкарски имиња од странство, тешко е да се очекува во вакви околности, кога банките секаде во светот се преокупирани со свои сопствени проблеми. Меѓутоа очекувам, и јас го стимулирам тоа да има окрупнување во македонскиот банкарски сектор. Можни се спојувања, преземања, главно меѓу постоечките банки “ – изјави неодамна гувернерот Димитар Богов. Втора банка за која се лиферуваа информации за можни сопственички поместувања е НЛБ Тутунска Банка, која е во доминантна сопственост на словенечката НЛБ Љубљанска Банка. “Јас не знам за оваа инфомација. Имам слушнато некои шпекулации за ова. Она што знам е дека во Нова Љубљанска Банка сега има ново раководство, тоа од минатата година работи на решавање на проблемот на Нова Љубљанска Банка. Разговорите се водат со Европската Комисија. Од првичните насоки што тие ги добија од Европската Комисија, а таа кога дава инструкции е доста ригидна, е дека некаде до 2014 та година словенците не можат да ја подигаат дивидендата во нивните банки кои што остваруваат добивка. Ова значи дека почнувајќи од лани добивката се реинвестира во фондовите на банката.“ - изјави за “Тренд“ на 24 Вести, Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на НЛБ Тутунска Банка. Сепак вели дека одлуките во Љубљана влијаат и во Македонија. “Нето добивката на НЛБ Тутунска Банка од 8 милиони евра за лани ќе зварши во фондовите на Нова Љубјанска Банка. Ова значи дека се јакне капиталот на банката. Она што се рзмислува е дека мрежата што ја има Нова Љубљанска Банка во екс-државите од Југославија има додаена вредност а со тоа дава и вредност на самата банка. Што и да биде може само да се случи ние да добиеме само нов газда, но банката ќе продолжи да работи “ - изјави Јанчевски. НБГ Стопанска банка и НЛБ Тутунска банка се двете, од трите најголеми банки во земјава. Во овие две групации доминира грчки, односно словенечки капитал. И покрај можните групирања и сопственички поместувања, Народната Банка испрати сигнал дека парите на граѓаните и на компаниите во банките се безбедни и заштитени со домашната законска регулатива. Рајфајзен банка одамна е присутна во регионот Во банкарските кулоари се споменува и уште еден банкарски бренд кој би можел да влезе во банкарскиот систем. Станува збор “Рајфајзен банк“ - уште една банкарска групација од Австрија. Познавачите упатуваат дека токму оваа банка, која веќе е етабилирана на сите регионални банкарски пазари, може да се појави како купувач на некоја од постоечките банки во земјава што веќе се под странска доминација. Брендот на Рајфајзен Банк е присутен во Србија, Хрватска, Босна па дури и на Косово. Единствено во Македонија оваа моќна банкарска групација нема своја испостава. За можниот влез на Рајфајзен банк во земјава се зборуваше уште во 2006 та година, кога се посочуваше можно преземање на една поголема банка или како втора опција - купување на две помали, односно средни банки. Тогашните најави останаа само во зоната на шпекулација. Сега името на оваа банка, која котира меѓу најголемите во Австрија, повторно се враќа во игра. И Стопанска банка го чека директорот Од 1 ви мај, по официјалното повлекување на Глигор Бишев од директорската позиција во Стопанска Банка, ќе мора да се пополни и челната позиција во оваа банка. Неодамна “Фактор“ објави дека прв човек на Стопанска Банка ќе биде гркот Константинос Братос, човек кој сега е претседател на Надзорниот Одбор на банката и личност од доверба на грчките газди. Со евентуалното именување на странец за прв извршен директор на Стопанска Банка, а без при тоа да има промени на сегашните имиња во Управниот Одбор, менаџментот на банката ќе го сочинуваат тројца грчки директори и еден македонски директор. Сепак, опциите за прв човек се уште остануваат отворени. За новиот директор ќе треба да даде согласност и Централната банка. Тим од групацијата НБГ веќе оставрил средба со гувернерот Димитар Богов на која им било предочено за роковите за именување на нов директор а било разговарано и за идните планови за работа на грчката банкарска групација на македонскиот пазар. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка