25 Април, 2024
0.0568

Банкарството е еден од најпрофитабилните бизниси во Македонија

Објавено во: Финансии 10 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Колку била успешна минатата година за банките? Кој бил во ќар, а кој во загуба? Некои со помала, а некои со поголема добивка од лани. Дали вложувањето во одредена банкарска акција било добар или лош потег? Банките  ги објавија на Берзата своите финансики резултати за минатата година. Акционерите со нетрпение ги очекуваа, сега пресметуваат колкава заработка оствариле од хартиите од вредност што ги поседуваат НЛБ Тутунска банка веќе објави дека во 2013 година  регистрирала пораст на добивката и тоа за 25,1 отсто во однос на 2012 година. Односно, профитот на банката изнесува 10,2 милиони евра, покажува билансот на успех на оваа банка. Со оглед што вкупната добивка на банката изнесува 625.337 илјади денари, додека, пак, бројот на издадените хартии од вредност е 854.061, добивката по акција на НЛБ Тутунска банка за минатата година е 732,19 денари. Додека, пак, во 2012 година заработката по акција во НЛБ Тутунска банка изнесувала 585,47 денари.  Инаку, во анализата на билансот на успехна што НЛБ Тутунска ја објави на берзата, се нагласува дека во 2013 година нето каматните приходи биле пониски за 8,8 отсто во однос на претходната година. Нето приходите од провизии, пак, се зголемени за 2,9 отсто. Комерцијална банка а.д. Скопје во периодот 01.01-31.12.2013 година оствари нето добивка во износ од 78.9 милиони денари, наспроти 562.1 милион денари остварена 2012 година. Акционерите на банката во 2013 година регистрирале добивка по акција од 35 денари . На крајот од минатата недела  , од банката пристигнаа позитивни информации, а тоа е дека отпочнатата судска постапка ТС бр.23/2013 година од страна на тужителот АД Фабрика за кабли Неготино во Стечај, со вредност од 951.588.663,50 денари, заради побивање на правни дејствија, правосилно е завршена во корист на Банката, што само по себе ќе значи ослободување на средствата резевирани по овој основ, а тоа пак сигурно позитивно ќе се рефлектира и на крајниот резултат за 2014 година. Одличен финансиски резултат лани оствари Стопанска банка Скопје, односно 16,1 милиони евра. Заработката по акција, како што е наведено во билансот на успех на банката, за минатата година изнесува 56,7 денари, додека, пак, претходната година изнесувала 45,56 денари за акција. Стопанска банка а.д. Битола во периодот 01.01-31.12.2013 година, оствари нето добивка во износ од 21,70 милони денари што споредено со истиот период од минатата година кога банката регистрираше загуба од 146,158 милиони денари претставува значително подобрување на финансискиот резултат. Активностите на Банката за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и наплата на побарувањата придонесоа за ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето основа во износ од 227,34 милиони денари што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити. Она што може да се констатира по објавувањето на годишните резултати на Стопанска банка А.Д. Битола за периодот 01.01-31.12.2013 година е дека банката по неколку годишни паузи за прв пат прикажува позитивен финансиски резултат. Охридска банка е една од банките кој во 2013 година регистира голем скок во остварената заработка по акција. Според финансиските извештаи на Охридска банка, која ланската година ја заврши со добивка од 2,5 милиони евра, заработката по акција во оваа банка е 349,9 денари, додека за 2012 година таа изнесувала 291,8 денари. И Уни Банка за минатата година регистрираше добивка во своето работење од 64.985 милиони денари , што преставува остварена добивка по акција од 122 денари. Банката во 2013 година регистрира намалување на приходите по основ на камати , но во исто време се намалуваат и трошоците по истиот основ. Споредено, минатата со претходната година Уни Банка оставарената добивка по акција ја намалила за 54 денари. Уште една банка, ТТК банка, објави деновиве до Берзата дека ги подобрила своите перформанси, како и дека ја зголемила оперативната ефикасност во текот на минатата година. ТТК банка 2013 ја завршила со добивка по оданочување од 53,4 милиони денари, односно 868 илјади евра, што е пораст за 29,7 отсто во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период минатата година. „Ова е резултат на зголемената оперативна ефикасност, доброто управување со каматната политика и одржување на квалитетот на кредитното портфолио“, велат во образложението од банката. Од ТТК банка уште и објавуваат дека за 2013 година заработката по акција ќе биде 59 денари, што е повисок износ во споредба со 45 денари колку што изнесувала заработката по акција за 2012 година. ТТК банка има вкупно издадено 907.888 акции. (Ф.Н.)  

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо