23 Април, 2024
0.0267

Банките со LinkedIn профил возвраќаат во јавната „битка“ за ФЕНИ

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Вербалната „војна“ меѓу трите банки доверители на ФЕНИ кои имаат побарувања од 40 милиони евра и неговите претходни или потенцијални сопственици Кунико и Енекод продолжува и денес. Банките излегоа со реакција на тврдењата на Кунико групацијата кои пак беа реакција на изјавите на Хари Костов околу изборот на новиот сопственик на ФЕНИ. Најинтересно е што банките меѓу главните аргументи го зедоа LinkedIn профилот на Дмитри Черкаски преку кој претходно беше испратена реакцијата на Кунико.

„Наводниот претставник на Кунико груп, банките доверители известуваат дека немаат намера преку средствата за информирање да полемизираат со некој Дмитри Черкаски, за сите негови невистини и небулози изнесени во соопштението. Инаку, банките не знаат во кое својство се појавува ова лице, ако се земе предвид дека на социјалната мрежа Линкедин се појавува како лице кое бара работа (во прилог е профилот на лицето Дмитри Черкаски, во кој се гледа дека е ЦФО на некоја интернационална група, а кој бара нови можности за вработување, но никаде не се споменува дека има некаква функција во „Кунико“). Од сето изнесено очигледно е дека ни тие самите не се сигурни кој е сопственик на „Фени Индустри“, затоа што зависно од расположението еднаш го претставуваат „Кунико“ како сопственик, а потоа со наводно склучен наводен договор како сопственикго претставуваат„Енекод“ се вели во реакцијата на банките доверители.

Претходно во текот на денот од Кунико посочија дека само тие може да одлучат кој ќе биде нов сопственик на ФЕНИ, а не банките. Токму тоа според банките е доволно за Кунико да не бара изговори и да ги исплати преостанатите плати на вработените, како и да ја продадат компанијата за 1 долар како што ветија.

Денеска банките заедно со потенцијалниот инвеститор швајцарскиот инвестициски фонд ФОС извршија увид во состојбата на фабриката ФЕНИ. Во игра за вложување покрај Енекод кој го спорат банките за досегашниот однос се компании со британски и француско-израелски капитал. На 29 ноември е закажано главното рочиште за водење на стечајната постапка на кое се можни нови обиди за одложување.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените