Бараат укинување на летно и зимско сметање на времето
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2016
Во Хрватска 85% од граѓаните сметаат дека треба да се укине летното и зимското сметање на времето.
Вакво барање има и во самата Европска унија и за ова прашање Европскиот парламент во Стразбур наскоро ќе расправа.
Индија, Јапонија и Кина се земји кои не користат вакво сметање на времето.
И Русија пред неколку години, а Турција од неодамна ја прекина оваа пракса.
Од 1500 испитаници во Хрватска, со различна возраст, образование, од различни делови 85% се изјасниле дека треба да се укинат летното и зимското сметање на времето.
Од нив 68% сметаат дека овие промени негативно влијаат на здравјето на луѓето.
73% кажале дека имале непријатности заради поместувањето на стрелките на часовникот.
51% имале тегоби, 37% се соочиле со непријатности во сообраќајот, а 57% имале потешкотии во извршувањето на обврските.