БАРАК И МИШЕЛ ОБАМА ЌЕ ПИШУВААТ МЕМОАРИ: Колку пари се понудени за права?
Објавено во: Финансии 01 Март, 2017
За добивање на глобалните права за двете книги на бившиот претседател на САД, Барак и Мишел Обама понудите се над 60 милиони долари.
Оваа информација ја соопштува Financial Times, повикувајќи се на извори запознаени со процесот на продажба.
Сумата е рекордна во однос на мемоарите на претходните претседатели во САД.
Семејството Обама пишуваат одделни книги, но ги продаваат правата заедно.
Оваа сума ќе ги надмине сите други договори за права за книги на претходните претседатели на САД. Knopf, поделба на Penguin Random House, плати 15 милиони долари за правата на мемоарите на Бил Клинтон во 2004 година, а Џорџ Буш заработи околу 10 милиони долари за своите мемоари, објавени од Crown.
Семејството Обама не се појавуваат многу во јавност, откако ја напуштија Белата куќа. Уште пред да стане претседател, Барак Обама веќе заработи добар углед во бизнисот со издаваштвото, со својот бестселер „Dreams From My Father и The Audacity of Hope“. Изгледите за заедничка зделка со неговата сопруга Мишел сепак даде дополнителен поттик на сегашните понуди.