20 Април, 2024
0.0279

Барањата на машиновозачите легитимни, штрајкот запрен, ветувања за профитабилно работење во иднина

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев соопштија дека е постигнат договор со машинскиот персонал на Македонски железници и дека нивните барања ќе се разгледаат детално бидејќи се легитимно барање кое може да биде исполнето.

„Ги разбравме нивните проблеми, имавме подлабоки разговори со нив и ги разбравме малку пошироко проблемите со кои се среќаваат во работата. Мислам дека постигнавме солиден договор, не само сега туку и во иднина да имаме отворен разговор со сите синдикати вклучително и со Синдикатот на машиновозачите, да ги решаваме и разбираме проблемите кои ги имаат“, изјави Анѓушев.

Министерот Сугарески пак посочи дека коефициентот на сложеност на работно место ќе изнесува 2,85, а висината на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа за викенд ќе се исплаќа повторно, како на износот од пред стапувањето во сила на антикризните мерки.

Сугарески и Анѓушев рекоа дека детално се анализира и состојбата во „Македонски железници“ и дека очекуваат компанијата да работи профитабилно.

Најавија дека владата во наредниот период ќе се заложи за обезбедување што поголем обем на работа на Македонски железници, а ја разгледува и идејата за либерализација на железничкиот транспорт.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор