20 Април, 2024
0.0290

Барозо: 13 проценти од европскиот БДП мобилизирани за спас на финансискиот сектор

Објавено во: Свет 15 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Европа се соочува со најголемата финансиска криза досега, при што 13 проценти од европскиот Бруто домашен производ се мобилизирани за спас на финансискиот сектор на „стариот континент“, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот пролетен Самит на Европскиот совет.

Изјавата на Барозо е реакција на протестите во Брисел организрани од страна на илјадници белгиски, германски и француски граѓани, кои бараат олабавување на мерките за штедење, поттикнување на економски раст и намалување на невработеноста.

- Синоќа имавме дебата за еврозоната, со посебна анализа на економската ситуација. Презентацијата на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, како и мојата, покажаа дека за да се постигне раст, ни треба конкурентност и во врска со ова мора да посветиме внимание на продуктивноста и вработувањето, што предизвикува најголема загриженост. Европската комисија работи на можноста за вработување на младите и ЕУ веќе префрли 16 миилијарди евра, од што бенефит треба да имаат околу 800.000 млади, посочи Барозо, додавајќи дека Комисијата ќе работи брзо на ова прашање и неделава ќе излезе со конкретен предлог со цел оваа иницијатива да стане реалност.

Херман ван Ромпуј, пак, додаде дека вчера Советот ги поставил приоритетите за економските политики за оваа година.

Утврдивме економска стратегија и широк консензус. Прашањето за доделување кредити на компаниите е клучно за раст и конкурентност и за функционирање на пазарот, за да се обебзеди вработување, пред се на младите. А, растот доаѓа од довербата, кредитите и конкурентноста. Нашата економска стратегија е на земјите од еврозоната целосно да има се обезбеди финансиска стабилност, одржливи јавни финансии, мерки за борба со неврботеноста, посебно на младите и структурна реформа за конкруентност и раст, посочи Ромпуј.

Инаку, денеска, клучна тема на вториот ден од Самитот беа односите на Унијата со Русија, откако во октомври минатата година се говореше за односите со Кина, а подоцна годинава ќе се одлучува за релацијата на ЕУ со САД. Според Ромпуј, со Русија е потребна поширока соработка, бидејѓи тоа партнерство е важно на Унијата, па затоа мора да се најде решение за меѓусебните разлики, со почитување на законите и вредностите.

- Утринава дискутиравме и за драматичната ситуација во Сирија. Потврдивме дека ЕУ е целосно посветена на напорите на меѓународната заедница за ставање на крај на насилството во оваа земја. Прашањето за укинувањето на ембаргото за извоз на оружје, кое беше покренато од некои членови на ЕУ, е оставено да го решат министрите за надворешни работи на земјите-членки идната недела на состанок во Даблин, истакна претседателот на Европскиот совет.

Пред крајот на прес-конференцијата по повод завршениот пролетен Самит на Советот, Барозо истакна и дека е побарано да се поведе посилна борба против даночната евазија и дека на национално ниво во сите земји оваа борба треба да биде жестока и сите да плаќаат даноци.

Тој откри и дека е разговарано за проширување на трговската размена со Африка, додека за Русија посочи дека е земја каде ЕУ е прв енергетски клиент и дека оваа земја е трет економски партнер на Унијата, поради што мора да се продлабочат нивните односи.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено