Баша му порача на Рама: Без опозиција нема избори во Албанија
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017
Албанската опозиција со големите протести во Тирана излезе со главното барање за формирање техничка влада, која ќе ја води земјата и ќе овозможи одржување слободни и фер избори на 18 јуни.
Неколку илјади поддржувачи на опозицијата преминаа по пат од 300 метри од централниот булевар во Тирана до канцеларијата на премиерот Еди Рама, обезбедувани од стотици полицајци.
- Нема да има избори без опозиција. Ќе има избори само со техничка влада- рече Љуљзим Баша и предупреди дека ќе има уште „еден последен протест“.
Опозицијата го бојкотира Парламентот од февруари и постави шатори пред канцеларијата на Рама. Опозицијата тврди дека Владата на Рама ќе прави изборни манипулации.
Опозициските политички партии не се регистрираа за изборите на 18 јуни, но исто така се заканија дека избори нема да има без нив.