Баша: Нема да дозволиме среде Европа држава контролирана од криминалци
Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2017
Најголемиот опозициски лидер во Албанија, Луљзим Баша најави дека деновиве ќе објави нови докази кои откриваат дека членови на актуелната влада и премиерот Еди Рама се вклучени со криминални групи.
„Никој нема да дозволи среде Европа да има држава контролирана од криминалот. Ние ги проверуваме материјалите кој ја покажуваат врската на криминалот со политичарите, а овие денови ќе ги објавиме податоците кои ги поседуваме“, изјави Баша.
Рама освои втор мандат на парламентарните избори во јуни и потоа успеа да формира влада без оглед на големите протести и силни критики од страна на опозицијата предводена од Баша.