БДП во четвртото тромесејче изнесува 2,4% - кој е двигателот?
Објавено во: Економија 09 Март, 2017
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%. покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје лани најголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 28,5%, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 9,8% и земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2016 година номинално расте за 5,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,4%.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2016 година изнесуваше 2.4%.