19 Април, 2024
0.0352

Бегалците Грујевски и Бошковски се во Солун: Толку блиску, а толку далеку

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Точно по три месеци откако им се изгуби трагата, грчката полиција ги уапси двајцата бегалци  Горан Грујевски и Никола Бошковски. Обвинетите, поранешни началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, се криеле на само 80 километри од границата – во Солун. Тие од вчера се наоѓаат таму во притвор, но прашање е кога ќе бидат екстрадирани.

Грујевски и Бошковски се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата.

Во текот на трите месеци потрага, двајцата беа барани на повеќе локации во земјава, но не беа најдени. Успеаја да избегаат во вакуум просторот, откако  Апелациониот суд во Скопје на 18 јули донесе одлука да им се одреди притвор, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Врховниот суд, на чело со претседателот Јово Вангеловски, ја потврди одлуката за притвор дури на 26 јули, време кое им беше доволно за да избегаат. МВР објави потерници по нив и локални и меѓународни.

Министерот за внатрешни работи тврдеше дека нивното бегство е организирано и беше отворена истрага за да се открие кој им помогнал на двајцата бегалци да не отидат во притвор. Според Спасовски бегството е резултат на пропусти на судовите.

„Очигледно е дека овде станува збор за еден сплет на околности, на поврзаност меѓу јавното обвинителство, меѓу судството и меѓу структурите на поранешната власт кои што дозволија бегање односно напуштање на државата на овие две лица и за тоа верувајте дека се водат соодветни постапки и ќе дојдеме и до други лица кои сигурно го овозможиле тоа и за кои треба да се покрене сериозна одговорност’, смета министерот Оливер Спасовски.

Во меѓувреме, беше откриено дека Горан Грујевски имал двоен идентитет и друг пасош на име Владимир Варелов, кој е вистински идентитет на негов  сограѓанин од Велесвработен во Единица за брзо распоредување во МВР (ЕБР). Вториот идентитет на Грујевски му е даден незаконски, обелодени актуелниот директор на УБК, Горан Николовски.

Грујевски во притвор, Мијалков на слобода

Горан Грујевски важеше за човек од доверба на поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, но беше „зад сцената“ се до објавување на „бомбите“ од опозицијата. Тогаш неговиот лик излезе од анонимност и денес стана еден од најпознатите бегалци од Македонија.

Грујевски е доктор на науки, а докторирал на тема: „(Зло) употреба на посебните истражни мерки“, а ја одбранил во 2014 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Тој во „Таргет“ се товари дека уништувал документација поврзана со прислушувањето, а во случајот „Тврдина“ е обвинет за уништување на системите за прислушување.

Главен обвинет во „Таргет“ е неговиот поранешен шеф, Сашо Мијалков, но тој нема да оди во притвор. Мијалков, како надреден на Грујевски ќе се гони за злосторничко здружување со цел нелегално прислушување, но тој ќе остане да се брани од слобода. Судот на Мијалков му го одзеде пасошот и тој има обврска таму да се појавува еднаш неделно.

Грујевски лани во март беше упасен и однесен во притвор во затворот во Шутка, но по само неколку дена Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 го преиначи решението на судијата на претходна постапка и мерката притвор ја замени со куќен притвор.

Дали конечно Горан Грујевски ќе биде сместен зад решетки, мерка што му е одредена од Судот, или неговото апсење во Солун ќе се развлече како шпанска серија, одговорот го има Министерството за правда, кое треба да бара екстрадиција за него и неговиот колега Бошковски.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време