29 Септември, 2016
0.6248
    ALK 5398.46    0.48%     GRNT 527    -2.86%     KMB 2421.79    0.86%     MPT 24321.43    0.24%     OKTA 1988    -2.98%     SLAV 3114    0%     TEL 270    0%     TNB 7500    0%     TPLF 875    2.94%     ZPKO 1745    -3%

Бегалец, барател на азил и мигрант – каква е разликата

Објавено во: Свет 27 Август, 2015

Европа се бори со најголемата бегалска криза од Втората светска војна наваму. Само оваа година речиси 300 000 луѓе го преминале Медитеранот, а 2373 мигранти и бегалци загинаа во обид да стигнат до Европа, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

„Ројтерс“ објави детално објаснување на разликите помеѓу „бегалец“, „барател на азил“ и „мигрант“. Обично овие зборови се користат како менливи, но разликите се големи и се однесуваат дури и односот кон различните групи.

Бегалец

Според ОН бегалец е човек кој ја напуштил својата земја поради страв од прогон, националност, припадност на одредена социјална група или политичко размислување. Бегалците не ја уживаат заштитата на својата родна земја, бидејќи често се бркаат од своите влади.

Признавањето на бегалец обезбедува заштита согласно меѓународните правни норми, претежно Конвенцијата на ОН за бегалци од 1951 година и поддршка од Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Според податоците на ОН од крајот на 2014 година во светот имало 19.5 милиони бегалци, што е за околу 2,9 милиони повеќе од претходната година. Бегалците имаат три можности - репатријација во земјата, од каде избегале, интегрирање во земјата домаќин или преселување во друга земја.

Барател на азил 

Барателите на азил се стремат да добијат статус на бегалци. Тие бегаат од земјата, барајќи меѓународна заштита. Ако се процени дека немаат потреба од заштита, можат да бидат вратени во своите родни земји.

Мигрант

Бегалците и мигрантите патуваат на ист начин, но мигрантите избираат да ја напуштат државата поради причините кои не се поврзани со гонење. Причините се различни - од желба да учат во странство, до подобрување на идни економски перспективи и оние на нивните семејства, на пример.

Мигрантот продолжува да е под заштита на неговата родна земја, дури и кога е во странство.

Нелегален имигрант

Тоа е човек кој пристигнува во одредена држава со легитимна виза, но ќе одлучи да остане по нејзиното истекување. Оние кои бараат азил, можат да станат илегални имигранти, ако нивното барање за статус не биде одобрено и останат во земјата домаќин.

Економски мигранти

Тоа се луѓе кои ја напуштаат земјата со цел да ја подобрат својата економската положба.

Можеби ќе ве интересира

Видео: Екстремни вегани се жигосуваат како животни

Видео: Екстремни вегани се жигосуваат како животни

САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО САД: Почнува лотаријата за „зелена карта“

САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО САД: Почнува лотаријата за „зелена карта“

СЕНАТОТ ПОСИЛЕН ОД ОБАМА: Американците може да ја тужат Саудиска Арабија поради 11 септември!

СЕНАТОТ ПОСИЛЕН ОД ОБАМА: Американците може да ја тужат Саудиска Арабија поради 11 септември!

Руски разузнавачи тврдат - Доказите за соборениот патнички авион се лажни

Руски разузнавачи тврдат - Доказите за соборениот патнички авион се лажни

Новото лице на руското разузнавање: Што значи доаѓањето на Наришкин?

Новото лице на руското разузнавање: Што значи доаѓањето на Наришкин?

Видео: Грузиски политичари се испотепаа на ТВ дебата, новинарката одвај се спаси

Видео: Грузиски политичари се испотепаа на ТВ дебата, новинарката одвај се спаси

(ФОТО) НАПУШТЕНАТА БОЛНИЦА Е НИВЕН ДОМ: Потресна исповед на 150 семејства кои светот ги заборави!

(ФОТО) НАПУШТЕНАТА БОЛНИЦА Е НИВЕН ДОМ: Потресна исповед на 150 семејства кои светот ги заборави!

Полицијата во Берлин застрела Ирачанец

Полицијата во Берлин застрела Ирачанец

Нели Британците требаше да излегуваат од ЕУ?

Нели Британците требаше да излегуваат од ЕУ?