23 Април, 2024
1.1183

Бејли: Друг руски гасовод нема да донесе чист воздух

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Руската и американската амбасада излегоа со ставови на Твитер пред два дена, и ова многу од корисниците на оваа социјална мрежа го нарекоа „Tвитер војна”.

„Загаденоста на воздухот е толку голема денеска, што е многу тешко да се види амбасадата! Какви идеи имате за почист воздух во Македонија”- стоеше во објавата од американската амбасада.

Неколку часа подоцна со своја реакција се јави руската амбасада. 

„Ако нашите пријатели од американската амбасада бараат решенија за загадениот воздух во Македонија, ние би сакале да помогнеме со решение”- напишаа од руската амбасада. 

Вчера на Твитер се огласи и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, според кој друг руски гасовод нема да донесе чист воздух во Македонија.


„Ги прашавме македонските граѓани прашање за блиски чекори до чист воздух. Друг руски гасовод нема да го стори тоа. САД ја поддржуваат желбата на Македонија да го доведе гасот во македонските градови и разновидноста во снабдувањето со гас за Македонија и Европа”- стои на профилот од амбасадорот Бејли на Твитер. 

Тој вели дека нема никаква „Твитер војна“.

Можеби ќе ве интересира

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици