20 Април, 2024
0.0269

Бектеши: Продолжуваме да ги поттикнуваме компаниите да инвестираат во локален и регионален економски развој

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за економија на Република Македонија и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем денеска потпишаа Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во локалниот економски развој.  Целта на ова партнерство е создавање на подобри услови за вклучување на компаниите во процесот на локалниот економски развој преку иницијативи кои носат придобивки за компаниите, но и за пошироката деловна средина. Проектот,со кој се овозможува во активностите  за кои се одвоени 500.000 долари да се вклучи приватниот сектор, и Министерството ќе соработуваат преку национална кампања за поттикнување на учество на компаниите во локалниот економски развој.

Министерот Бектеши на прес конференцијата организирана по овој повод истакна дека микро, малите и средните претпријатија се посебна целна група на програмите на Министерството за економија, која редовно е поддржувана, а од годинава таа поддршка е многу поголема и поразновидна.

Тој подвлече: „Со иста цел, како Влада го креиравме и Планот за економски раст, со мерки за поддршка за инвестиции, за конкурентност и за МСП и иновации, а Министерството за економија го изготви и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од кој се очекува зголемување на приватните инвестиции и вработеноста, на ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор. Со денешниот Проект продолжуваме да ги поттикнуваме водечките компании да инвестираат во локален и регионален економски развој, преку развој на врски на постоечките локални добавувачи, како и да го помогнеме вклучувањето на микро, малите и средните претпријатија во синџирите на снабдување, заедничкиот развој на работната сила и развојот на услуги“.

Заменикот раководител на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Брок Бирман, кој е во официјална посета на Македонија, беше присутен на потпишувањето на овој Меморандум за соработка. Во својот говор, тој рече: „Со иницијативи како Проектот за развој на деловниот екосистем и со партнерства како ова кое го воспоставуваме денес, го заменуваме традиционалниот модел на развојна помош со пристап кој го препознава и искористува потенцијалот на македонскиот приватен сектор за движење на развојот преку создавање на работни места, економски раст и корпоративна општествена одговорност“.

Претставникот на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери ја истакна важноста на приватниот сектор во остварувањето на оддржлив економски развој: „Ова е тип на инвестиција за стратешки развој, а нашиот проект и Министерството ќе промовираат поттикнување на компаниите да инвестираат во развојот на нивните синџири на снабдување и работната сила, но не од алтруистички причини, туку за поддршка на нивниот сопствен раст. Стратешката корпоративна општествена одговорност не претставува можност за добар ПР, таа е полезна во деловна смисла. Со поддршка на Министерството за економија, ќе се стремиме да го промовираме овој развојен пристап низ Македонија, поддржувајќи го ангажманот на приватниот сектор за сопствен раст и поголемо добро на земјата“.

Проектот за развој на деловниот екосистем, за кој се одвоени 6,2 милиони долари, за четири години, меѓу останатото треба да помогне да се креираат 5.750 нови работни места.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите