19 Април, 2024
0.0286

Бела куќа излезе со клучните економски показатели: дали се доволни за победа на Обама?

Објавено во: Анализа 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Белата куќа соопшти дека денеска објавените податоци од извештајот за вработеноста во текот на октомври во САД покажуваат дека економијата на земјата се обновува и истакна дека Американците треба да продолжат да ја поддржуваат политиката на претседателот Барак Обама за излез од рецесијата, пренесоа некои британски медиуми.

Претседателот Барак Обама доби добри вести кога за септември беше покажана невработеност на ниво од 7,8 проценти, што беше прв пат да опадне под осум проценти од неговото доаѓање на власт пред четири години.

Тоа, меѓутоа, не е доволно за да му обезбеди предност пред републиканскиот претендент Мит Ромни, бидејќи и двајцата се со подеднакви шанси за победа.

Освен тоа, најновите податоци покажуваат дека во октомври биле отворени 171.000 нови работни места во САД, што е зголемување за 10 проценти на вработувањето во однос на септември.

-Денешниот извештај за вработеноста дава дополнителни докази дека економијата на САД продолжува да заздравува од раните, добиени од најтешкиот пад по Големата депресија, посочи претседателот на Советот за економски советници во Белата куќа Алан Кригер.

Инаку, ФАКТОР, веќе ги објави параметрите на американската економија кои покажуваа заздравување, поради кои Обама се надева на уште еден мандат, па не е лошо да Ве потсетиме на нив.

Овие графикони одат во корист на Обама: Намалена невработеност: Раст на БДП и засега без опасност од втора рецесија:  Раст на берзите (огромен број од американците  своите заштеди директно или индиректно ги пласираат на берзата): Раст на довербата на потрошувачите: А, кога се има доверба се трошат повеќе пари. Следуваат два графикона кои го покажуваат растот на малопродажбата и продажбата на возила:  И за крај се би било џабе доколку фирмите не прават профити, но засега и тука е се ОК: Дали ова ќе биде доволно ќе дознаеме многу скоро. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза