Белград е бесен на дрскиот крадец кој „здипли“ куќичка за бездомни кучиња
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2017
Засега непознат крадец од Белград ги вжешти социјалните мрежи кои се бесни бидејќи тој украде една од поставените куќички во кои треба да се стоплат бездомните кучиња, а се поставени во општината Стар Град.
Од видео снимката на безбедносна камера се забележува крадецот и сликите се шират на социјалните мрежи со цел тој да биде пронајден, пренесува српски Курир.