18 Април, 2024
0.0270

БЕЉА ВО ЖЕЛЕЗНИЦИ: Пропусти на квадрат, изградбата закочена!

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Пропусти кај изведувачите и инвеститорите, грешки во проектите, милионски суми за провизии поради пробиени рокови за изведба, ова се само дел од забелешките на Државниот ревизор за успешноста на мерките за развој на железничкиот сообраќај. Од вкупно 31 проект планиран со Националната програма за 2014-2016 година за Коридорите 8 и 10 и кракот 10, само девет се реализирани, 10 се во тек на реализација, а 12 воопшто не се реализирани. Ревизорот констатирал дека ниту држaвата, ниту ЈП МЖ Инфраструктура вложувале доволно пари за реализација на проектите.

„Причината за оваа состојба е бавниот процес на решавање на проблемите со изведувачите и неможност ЈП МЖ инфраструктура да обезбеди средства за оние проекти кои согласно националната програма требало да ги обезбеди од сопствените извори“, стои во извештајот.

При тоа се посочува дека немало соодветна соработка меѓу ЈП МЖ Инфраструктура, Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски. Па се случувало Министерството за финансии да доцни со исплата на налозите што ги праќало Министерството за транспорт, а на МЖ Инфраструктура им се префрлало помалку пари од Буџетот од она што со закон требало да им се префрли или најмалку 0,3 отсто од Буџетот.

Пробиени рокови, исплатени милионски провизии

Ревизoрите констатирале дека постојат слабости  во проектите за двата коридора па често пати реализациите биле прекинувани, поради што постои ризик од нецелосна реализација отпочнатите проектите по Коридорите 8 и 10. За три години реализацијата на првата фаза од Коридрот 8 е само 19 отсто, рокот за изведба за Коридорот 10 од една е пролонгиран на скоро четири години.

 „Доколку динамиката на изведба се одвива со досегашното темпо можно е истите да се реализираат во 2018/2019 година, кое ќе доведе до пролонгирање на роковите за расположливост на средства и дополнително оптеретување на проектот со провизии за неповлечени средства, зголемен одлив на средства од Буџетот“, се наведува во извештајот.

Ревизијата констатирала дека реализацијата на изградбата и рехабилитацијата на пругите кај коридорите се одвива бавно, и роковите се пробиени. Во меѓувреме, милиони евра буџетски пари се одлевале за провизии поради пробиените рокови.

 „Секоја година се врши пролонгирање на роковите за расположливост на средставата согласно условите предвидени во договорот за заем од ЕБОР, при што банката наплаќа провизија за неповлечен дел од средствата од заемот. За периодот 2011-2016 Министерството за финансии на име провизија за неповлечени средства исплатило 1,1 милиони евра.

Патниот и железничкиот Коридор 10 поминува долж Македонија или Атина-Солун-Скопје-Ниш-Белград-Загреб-Љубљана-Салзбург. Пругата од Скопје до Гевгелија е изградена во 1873 година, а Скопје-Табановци во 1887 година за време на Отманската империја. Според ревизорот на одделни од овој коридор се извршени подобрувања на горниот и долниот строј на пругата. Но, ремонтот на пругата Неготино-Ногаевци се пролонгирал неколку пати заради пропусти во документација и неизвадени потребни дозволи, поради што изведувачот го пробил рокот.

„Поради пролонгирање на рокот на изведбените работи во континуитет и финансиски потешкотии на изведувачот, постои ризик истиот да не е во можност да ги заврши ативностите, а со тоа да се јави потреба од нов тендер и избор на нов изведувач со што ќе продолжи ремонтот на пругата Неготино-Ногаевци на Коридор 10“, посочува ревизорот.

Кракот 10Д од Коридорот 10 започува од Велес преку Битола се поврзува со Република Грција на граничниот премин Кременица, но оваа врска не е во функција. Ревизорот посочува дека во 2014 година со Конзорциум од четири фирми е склучен договор за градежни активности во износ од 19 милиони евра, со пари од ИПА европските фондови. За надзор на работите бил склучен договор од скоро еден милион евра. Но поради слаб прогрес на работите договорот кон крајот на ланската година е раскинат, односно Делегацијата на Европската комисија го одобрила барањето за престанок на договорот, отпочнала постапка за раскинување на договорот и го извеести Конзорциумот. Остатокот по договор што не е реализиран изнесува 14 милиони евра или 61,79 отсто од обезбедените пари од ИПА фондовите за Коридорот 10.

Изградбата на железничкиот Коридорот 8 е предвидена со одлука на европската комисија, како еден од десетте пан-европски транспортни коридори од Европскиот транспортен систем , кој ги поврзува Јадранското и Црното море. Во Македонија овој коридор започнува на границата со Република Бугарија, потоа преку Крива Паланка- Бељковци-Куманово-Скопје-Кичево завршува на границата со Република Албанија и истиот не е целосно изграден.За Коридорот 8 рокот за изведба е 30 месеци, но ревизорот констатира дека при реализацијата има многу прекини  поради грешки во проектната документација на која е неопходно да се направат промени, кои предизвикуваат дополнителна експропријација, а утвредни се и стопирани активности поради издадено одбрение за градба на пругата без водостопанска согласност и заштитно козерваторско одобрение. Коридрот во земјава е поделен на три дела.

„При увид во документацијата за рехабилитација на делница 1 Куманово-Бељковце, ревизијата утврди дека реализацијата на проектот не е според предвидената динамика ,односно реализацијата е  само 20 отсто.Констатирани се грешки поради кои треба да се направат 758 корекции на проектите. Недовршен е процесот на експропријација, за 135 парцeли сеуште не се потпишани спогодби“, посочуваат ревизорите. 

Коридорот 8 е важен за трговската размена со Албанија и Бугарија,но и за европските земји заради поврзување со Далечниот Исток и Северна Африка. За Македонија има важна улога поради неговото влијание врз економскиот социјалниот развој на земјата.

Од Министерството за транспорт и врски и од ЈП МЖ Инфатсруктура доставиле забелешки за извештајот, но ревизорот констатирал дека истите не содржат докази за измена на изнесените констатации, така што дел се прифатени, а дел не.

Општата констатација на ревизорите е дека развојот на железничкиот сообраќај во земјава стагнира и заостанува во споредба на европските железници и тоа во однос на квалитетот на пругите и густината на железничката мрежа.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија