Бензините поевтинуваат - што е со дизелот?
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2017
Нафтените деривати поевтинуваат од полноќ за 1,2% во просек, објави Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 95 октани се намалува за еден, 98 октанскиот бензин поевтинува за 1,5 денари.
Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, а мазутот поевтинува.
Од РКЕ информираат дека суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели се продавала по пониска цена, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.