28 Март, 2024
0.5425

БЕРЛИН ДОБИ ЛИБЕРАЛНА ЏАМИЈА: Муслиманите реагираат дека ова може да го уништи исламот

Објавено во: Свет 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Новоотворена либерална џамија во Берлин, Германија во којашто мажите и жените може заеднички да се молат, а жените не мора да бидат покриени наиде на гневни критики во исламскиот свет.

Оваа џамија  ги носи имињата на исламскиот филозоф Ибн Рашид и германскиот книжевник. Јохан Волфганг фон Гете се поврзува со Ѓулевистичкото движење коешто турските власти го обвинуваат за правењето паралелна држава во турското општество, како и за неуспешниот обид за воен преврат од 15 јули 2016 година.

„Целосно е јасно дека станува збор за проект кој стои директно под влијанието на Ѓуленовото движење и сличните погубни организации“- соопшти централната турска исламска институција Дијанетот алудирајќи на движењето на имамот Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД. 

Дијанетот, исто така, го критикува изведувањето на верските обреди во споменатата џамија во која мажите и жените, за разлика од вообичените муслимански храмови, престојуваат во иста просторија, а жените не ги носат традиционалните прекривала за лицето и главата.

„Со ова се кршат темелите на нашата вера“- стои  во соопштението на Дијанетот во коешто се истакнува дека станува збор за „обиди да се сотре и уништи“ исламот.

Турската верска организација, под чијашто надлежност се околу 2,5 милиони верници од турско потекло во Германија, на „браќата верници“ во Германија им порача „да не дозволат да бидат испровоцирани“.

Либералната џамија којшто ја иницираше познатата адвокатка и активистка за правата на жените од турско потекло Сејран Атес, е критикувана и од највисоката египетска верска инстанца Дар ал-Ифтаа, којашто преку својата Фејсбук страница, којашто ја следат 18 милиони луѓе, порача дека за  либерални џамии нема место во исламскиот свет.

Иницијаторката на берлинската либерална џамија Сејран Атес појаснува дека таа нема ништо заедничко со движењето на  Ѓулен.

Додава дека со поврзувањето со организацијата којашто во Турција е на листата терористички организации, се сака да се „отвори сезона на лов“.

Од отворањето на џамијата Атес поради повеќекратните смртни закани е под полициска заштита.

Пред една седмица на протестите на муслиманите против тероризмот во Келн се собраа значително помалку учесници од очекуваното, што се поврзува и со фактот што протестите ги осудија организациите кои стојат зад турската верска заедница, којашто е најбројната во Германија.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти