Берлинскиот атентатор користел 14 имиња во Германија
Објавено во: Свет 05 Јануари, 2017
За германските власти се познати 14 различни идентитети, зад кои се криел напаѓачот од Божиќниот берлински базар, Анис Амри.
Ова го изјави за новинарите шефот на криминалистичката полиција во Северна Рајна-Вестфалија, Дитер Шурман, цитиран од американските медиуми.
Амри пристигнал во Германија во средината на 2015 година. Подоцна властите го вклучиле во листа на насилни исламистички екстремисти. Бил сослушан и за добивање на социјална помош истовремено под две различни имиња.
Шурман изјави пред пратеници од покраинскиот парламент дека властите не можеле да откријат индиции против него за евентуални планови за напади.
Амри уби 12 лица со камион во Берлин, а повреди десетици.
Тој беше убиен во Милано. Упасени се и лица за кои постои сомнеж дека му помагале.