18 Април, 2024
0.0257

Бернанке под притисок

Објавено во: Анализа 21 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Бен Бернанке е човек кој страшно се плаши од дефлација. Тоа го покажал уште во младите денови кога наголемо ја истражува депресијата во дваесеттите. Политика која тогаш била водена била страшно рестриктивна и поради тоа САД западнеле во најголемата криза што светот некогаш ја памети. Судбината сакаше токму човекот кој беше фасциниран со депресијата да има можност да ја спречи. И богами не се колебеше во тоа. Неговиот одговор засега се чини дека е најадекватен. Најголемата економија во светот е засега единствената од големите западни сили која не се мачи со рецесија. Притоа и покрај сите забелешки ја намалија стапката на невработеност во САД под 8%. До опоравувањето дојде поради збир од повеќе политики. Меѓу другото Федералните Резерви (институцијата со која раководи Бернанке, нешто најблиску до НБРМ иако со мандат многу поголем од неа) го наполнија нивниот биланс со разни типови на хартии од вредност кои ги собраа од билансите на банките и од слободниот пазар. Тие хартии од вредност тежат неверојатни 2,3 трилиони долари или скоро 20% од вкупниот американски БДП. Ваквата политика овозможи ослободување на нечии други биланси, првенствено на банките и можност слободно да земат воздух и да почнат да си ја вршат работата. Сепак Бернанке сметаше дека темпото на раст сеуште не е доволно. Последната негова одлука е да продолжи да интервенира со 40 милијарди долари на пазарот на недвижности преку купување на хипотекарни обврзници. Се со цел да го раздвижи делот од екононмијата со кој започна големиот проблем, недвижностите. Агресивната политика на ФЕДот треба да продолжи се додека инфлацијата е стабилна (така велат тие). Според податоците од САД тамошната инфлација е сеуште ниска: Ова е графикон коj ни ја покажува инфлацијата на месечна основа споредена со истиот период лани. Се додека инфлацијата не надмине три проценти Бен може да продолжи со неговата политика. Коментари сепак почнаа да доаѓаат од новите сили како Бразил, Русија и Кина. Развиените земји не смеат преку валутни игри да го бараат излезот од кризата. Ваквите стравувања доѓаат од Бразил земјата која се чини дека е најпогодена од лабавата монетарна политика на САД. Бразилците се плашат дека приливот на долари кои го бараат патот низ светот ќе стигне кај нив и притоа ќе предизвика шпекулативен раст на активите. Секако тоа значи увезена инфлација и многу главоболки за тамошната економија. Бразил  има причина да се плаши. Неговата валутата историски јакне спрема доларот, па така денеска со два бразилски реала може да се купи еден долар. Пред само десет години беа потребни четири. Ова  на Бразил генерално не му одговара бидејќи е држава која има блиски трговски врски со САД, но од 2009 година најголем партнер и е Кина која и дава сесрдна подршка во нејзините барања. Впрочем Кина си има сличен проблем со САД (само таму таа е “лошиот”). Од друга страна бидејќи Европа е во поглеми проблеми, нејзината валута иако флуктуира, паѓа спрема доларот, што значи добива некој степен на конкурентност и нормално од таа страна на океанот никој не се буни:  Како што гледаме од овој график, курсот на доларот е значително зголемен во споредба со еврото иако во зависност од одлуките што се носат постојано има осцилации. Ова е само еден аспект на она што во моментов се случува во светската економија, но станува јасно дека економиите стануваат поврзани една со друга преку многу силни врски. Многу тешко е да се носат избрзани одлуки. Секој зависи од секого, посебно големите сили. Политиките кои ги превземаат економиите се навистина нетестирани досега и многу е тешко да се предвиди крајот на целата приказна. САД сепак сеуште се доминантна сила без која заздравување не е можно. Можеби токму поради тоа засега не чувствуваат поголеми притисоци од нивните партнери. Милан Димитриоски

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза